НБМ лани во загуба од 135 милиони евра

Bez autora
Mar 18 2014

Народна банка на Македонија минатата година ја завршила со нето-загуба од 135 милиони евра. Ова го покажува билансот на успех што централната банка вчера го објави на својата веб-страница. Според овој финансиски извештај, НБМ минатата година ја завршила со негативен финансиски резултат од 8,3 милијарди денари, или 135,4 милиони евра. Централната банка имала минус и во 2012 година, но тој бил далеку понизок од ланскиот и изнесувал 3,7 милиони евра. Ако се погледне билансот на успех на централната банка, може да се забележи дека големата загуба всушност се должи на ставката нето нереализирани курсни и ценовни промени, каде што во 2013 година е регистриран минус од 119,5 милиони евра. За разлика од лани, во 2012 година оваа ставка била позитивна и изнесувала 7 милиони евра.

НБМ лани во загуба од 135 милиони евраНародна банка на Македонија минатата година ја завршила со нето-загуба од 135 милиони евра. Ова го покажува билансот на успех што централната банка вчера го објави на својата веб-страница.

Според овој финансиски извештај, НБМ минатата година ја завршила со негативен финансиски резултат од 8,3 милијарди денари, или 135,4 милиони евра. Централната банка имала минус и во 2012 година, но тој бил далеку понизок од ланскиот и изнесувал 3,7 милиони евра.

Ако се погледне билансот на успех на централната банка, може да се забележи дека големата загуба всушност се должи на ставката нето нереализирани курсни и ценовни промени, каде што во 2013 година е регистриран минус од 119,5 милиони евра. За разлика од лани, во 2012 година оваа ставка била позитивна и изнесувала 7 милиони евра.

Во белешките на финансиските извештаи на НБМ е наведено дека „нереализираните курсни и ценовни промени се резултат на усогласувањето на вредноста на средствата и обврските деноминирани во странска валута со вредноста на курсот на денарот и промените во пазарната цена на денот на известувањето“. Според експертите, минусот главно се должи на промените на пазарната цена на златото.

Нето-расходите за камати лани изнесувале нешто над 18 милиони евра, наспроти околу 17 милиони евра во претходната година.

Кај нето-приходите од провизии има само благо намалување, односно лани тие изнесувале околу 3,7 милиони евра.

Малку позначајно отстапување во минатата година имало кај нето-приходите од хартии од вредност за тргување, односно ако во 2012 година тие биле на ниво од околу 9 милиони евра, во 2013 година се спуштиле на износ нешто понизок од 6 милиони евра.

Од НБМ, во своите белешки на финансиските извештаи, наведуваат какви се постапките во случај кога финансискиот резултат на НБМ е позитивен, а какви се доколку е негативен.

„Финансискиот резултат за распределба се распределува во општи резерви и во буџетот на Македонија и тоа 70 отсто во општите резерви до постигнувањето на нивото на основниот капитал пропишан со Законот, односно 15 отсто во општите резерви по достигнувањето на нивото на основниот капитал пропишан со Законот. Остатокот е приход за буџетот на Македонија. Доколку НБМ оствари негативен резултат за распределба, тој се покрива прво од сметката за општи резерви, а потоа од капиталот. Ако вредноста на активата на НБМ е пониска од збирот на нејзините обврски и капиталот, кусокот на капитал ќе го покрие државата, или во пари, или во преносливи должнички хартии од вредност со одреден рок на достасување, кои се издадени по пазарни каматни стапки што преовладуваат во Македонија“, се вели во објаснувањето наведено во извештајот од централната банка.

„Утрински весник“ вчера постави прашања до централната банка со цел таа подетално и попрецизно да објасни на што се должи загубата, но одговор не добивме до затворањето на овој број од весникот.

Во извештајот на НБМ се вели и дека „капиталот на Народна банка е во сопственост на Македонија и тој не може да се пренесува или да е предмет на какво било оптоварување“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik